Уапсен 20-годишник од Гостиварско

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ноќеска, половина час по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, го уапсиле 20-годишниот Е.И. од гостиварско село, извести СВР Тетово.
„Тој бил пријавен од својот 50-годишен татко дека, по претходна расправија во семејниот дом, со остар предмет му се заканил и нему и на братот на Е.И.“, соопшти СВР Тетово.

Задржан е во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, информира МВР.

Share This Article