More

    Туск вели дека заканата од глобален конфликт е реална

    spot_img

    Полскиот премиер Доналд Туск денеска на конгресот на полските учители предупреди дека војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, чиј исход никој не го знае, но се гледа дека добива драматични размери и заканата од глобален конфликт станува реална.

    – По образование сум професор по историја. Војната на истокот влегува во одлучувачка фаза. Непознатото се приближува, никој од нас не го знае исходот од тој конфликт. Очигледно зазема многу драматични размери. Настаните од последните десетина часа покажуваат дека заканата од глобален конфликт е навистина сериозна и реална – рече Туск.

    Полскиот премиер апелираше до учителите да ги подготват своите ученици преку секојдневна работа да бидат отпорни на вакви историски настани.

    – Во драматичните настани од руско-украинската војна, едно е очигледно. Безбедни, силни, отпорни нации се оние кои имаат технолошка и интелектуална предност и креативност. Украина сè уште постои првенствено затоа што украинскиот народ се покажа како креативен и многу луѓе успешно се соочија со предизвиците – рече Туск.

    Полските власти го осудија вчерашното лансирање балистичка ракета со среден дострел од страна на Русија врз цели во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img