Премиерот на Полска, Доналд Туск денеска ги демантираше медиумските извештаи дека неговата земја сака да учествува во мировните сили по завршувањето на војната во Украина.
– Во моментов не планираме такви акции. Одлуките што се однесуваат на Полска и полските акции се носат во Варшава и само во Варшава – истакна Туск по средбата со претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Главна тема на средбата во Варшава беше европската поддршка за Украина по промената на власта во САД.
Некои медиуми објавија непотврдени информации дека на средбата помеѓу Туск и Макрон ќе се разговара за стационирање на мировни сили во Украина по војната.
Туск потенцира дека Варшава обезбедува воена помош за својата сосетка и го одржува најважниот логистички центар за западната воена помош за Киев. Покрај тоа, додаде, Полска сè уште инвестира значителни ресурси за заштита на надворешната граница на ЕУ и НАТО со Русија и нејзиниот сојузник Белорусија.