Турција сака да помогне во евакуација на борците во „Азовстал“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинскиот вицепремиер изјави дека владата ќе ја поздрави можноста за турско или кинеско посредување во помагањето да се организира евакуација на ранетите војници од комплексот „Азовстал“ во Мариупол.

Ирина Верешчук на украинската телевизија рече дека „турската страна навистина може да биде посредник во прашањата за извлекување.

– Сега зборуваме за сериозно повредените и ова е прашање до Меѓународниот Црвен крст. Ако Турција може да биде посредник во ова, тоа би било добро. Ако Си Џинпинг може да влијае, и тоа би било добро. Се надеваме на најдоброто – рече таа.

Верешчук рече дека ако Турција или Кина не се вклучени, „барем треба да биде потпишан документ од претставници на МКЦК кои, според Женевските конвенции, имаат овластување да го следат процесот и згора на тоа, да бидат лидери во овој процес“.
– Сакаме да се потпише документ, како точно ќе се изврши евакуацијата од „Азовстал“, со кој ќе се постави коридор што ќе функционира и ќе овозможи тешко ранетите војници да бидат однесени во Запорожје – вели вицепремиерката.

Верешчук зборуваше додека портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, наведе една опција за евакуација.

– Имавме голем број планови, предлози. Првиот беше војниците од Мариупол до Бердијанск, а од пристаништето Бердијанск до брод во Истанбул, да ги донесат овде во Турција. Таа понуда се уште е на маса – рече тој. Бердијанск е под контрола на Русите и е на околу 50 милји западно од Мариупол.

– Бродот сè уште е во Истанбул. Подготвен е за пловидба, но чекаме конечно одобрение од руската и од украинската страна за да замине во Бердијанск и да ги донесе повредените војници во Турција – рече Калин, објави Си-Ен-Ен.

Share This Article