More

    Турција ќе основа нова авиокомпанија за превоз на руски туристи

    spot_img

    Турските власти планираат да создадат посебна авиокомпанија за превоз на руски туристи до турските одморалишта, јавува турските медиуми, откако Европската агенција за безбедност на воздухот ги суспендираше сите руски авиокомпании.

    Ескалацијата на судирот меѓу Русија и Украина доведе до проблеми во туристичкиот сектор во Турција, бидејќи и двата пазари се многу важни за бизнисот, пишува турскиот весник „Сабах“. Новата компанија треба да биде со седиште во Анталија, на средозменоморскиот брег на Турција.

    „Благодарение на оваа авиокомпанија, ќе биде можно да се привлечат дополнителни милион руски туристи“, се вели во наводите.

    Покрај тоа, и „Туркиш ерлајнс“ наводно има договор со руски агенции да резервира блокови седишта за руските туристи на своите летови. Сепак, поради нестабилната ситуација и западните санкции, Турција со доза песимизам гледа на бројот Руси кои ќе можат да ја посетат земјата оваа 2022 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img