Турција ја зголемува цената на струјата за 38% од 1 јули

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Турција ја зголемува цената на струјата за 38% од 1 јули , објави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на одлуката на Турскиот регулатор за енергетика.

Според одлуката на регулаторната комисија на Турција, цената за домаќинствата ќе порасне за 38%,  колку што ќе изнесува и зголемувањето на цената на струјата за приватниот и услужниот сектор, додека за претплатниците во земјоделската дејност цената на струјата  ќе порасне за 20% .

Со ова зголемување, износот што треба да се плати домаќинство со потрошувачка од 100 kWh електрична енергија ќе изнесува 207,23 турски лири (5,9 евра).

Регулаторот за енергетика соопшти дека поскапувањето на струјата е резултат на растот на трошоците за производство на енергија.

Експерти тврдат дека ова зголемување на цената на струјата нема многу да влијае на инфлацијата во Турција која почна да паѓа во мај кога изнесуваше 69,8 %.

Новите тарифи стапуваат на сила од 1 јули.

Секое повисоко зголемување на цената на струјата во Турција завршува со протести. Така во 2022 година кога регулаторот одлучи да ја зголеми цената на струјата за 50% за домаќинствата и 127% за компаниите беа организирани големи протести. Не се знае како ќе реагираат сега граѓаните бидејќи цените во турција секој месец бележат зголемување.

Share This Article