More

    Турција е кандидат за новата фабрика на Тесла

    spot_img

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Њујорк се сретна со извршниот директор на Тесла, Илон Маск. Ердоган на средбата иницирал воспоставување на сестрана соработка и побарал од Маск во Турција да изгради фабрика за автомобили. Тој исто така посочил дека Турција е отворена за соработка во областа на вештачката интелигенција и сателитскиот интернет Starlink на SpaceX – информираа од турската Дирекција за комуникации.

    Во известувањето за средбата се наведува дека многу турски добавувачи веќе работат со Тесла и дека Турција е меѓу главните кандидати за новата фабрика на неговата компанија, пренесува Ројтерс.

    Маск рекол дека SpaceX сака да соработува со турските власти за да ја добие потребната лиценца за понуда на сателитски услуги Starlink во Турција. Ердоган го поканил Маск да присуствува на Турскиот фестивал за авијација и технологија во Измир на крајот на овој месец.

    Тесла има шест фабрики и ја гради седмата во Мексико, како дел од тенденцијата на компанијата да го прошири своето глобално присуство. Маск во мај изјави дека Tesla најверојатно ќе избере локација за новата фабрика до крајот на годината, а по средбата со Ердоган не е исклучено таа да биде токму во Турција.

    Ердоган и Маск се сретнале во Турската куќа во Њујорк. Турскиот претседател моментално е во САД за да присуствува на 78-та сесија на Генералното собрание на ОН.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img