More

    Турските власти уапсија 33 лица: осомничени за шпионирање во име на Израел

    spot_img

    Турските власти уапсија 33 лица осомничени за шпионажа во име на Израел, а издадена е и потерница за вкупно 46 лица осомничени за меѓународна шпионска активност, јави турската државна новинска агенција Анадолу.

    Полицијата спроведува голема операција во осум провинции, меѓу кои и Истанбул, а досега се уапсени 33 лица, осомничени за меѓународна шпионажа за израелската разузнавачка служба Мосад.

    Акцијата се спроведува по истрага што ја води Одделот за истрага за тероризам и организиран криминал при Основното јавно обвинителство во Истанбул.

    Истрагата открила информации дека целта на израелската разузнавачка служба Мосад биле активностите на извидување, следење, напади и киднапирање на странски државјани кои престојуваат во Турција од хуманитарни причини.

    Распишана е потерница за вкупно 46 лица осомничени за меѓународна шпионска дејност.

    Турската полиција изврши симултани претреси на 57 адреси во осум провинции, досега се приведени 33 осомничени, а потрагата по уште 13 осомничени продолжува, јавува Анадолија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img