Навивачите на Фенербахче очигледно знаат како да го изнервираат противникот, а тоа го потврдија на последниот натпревар на нивната екипа, одигран под закрилата на УЕФА.
На возвратниот дуел од квалификациите од Лигата на шампионите, во кој нивните миленици играа против украинскиот тим Динамо од Киев, фановите на Фенербахче на цел глас го скандираа името на рускиот претседател Владимир Путин.
Сепак, тоа не им помогна многу на фудбалерите на Фенербахче, бидејќи Украинците постигнаа гол во продолжението од натпреварот одигран во Истанбул и го продолжија настапот во натпреварувањето.