Турскиот претседател скроил план за ставање крај на војната во Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира да го предложи својот план за ставање крај на војната на состанокот на лидерите на Г20 во Рио де Жанеиро, пишува Блумберг, наведувајќи дека Ердоган ќе му предложи Зеленски да се согласи да ги одложи разговорите за влез во НАТО за најмалку 10 години како отстапка за Русија.

Турскиот план предвидува создавање демилитаризирана зона во Донбас, а како што дознава Блумберг, Ердоган предлага да се вети испорака на оружје за Украина како компензација за тоа што ќе се согласи да не влезе во НАТО.

„Турските власти признаваат дека на Украина би и било тешко да прифати таква понуда, но сметаат дека тоа е најреален пристап. Ќе се обидат да ги одложат дискусиите за долгорочната судбина на окупираните територии за да се фокусираат прво на обезбедување стабилен прекин на огнот“, пишува Блумберг.

Ердоган наводно има разузнавачки информации дека Украина би можела да изгуби многу повеќе територии во следните неколку месеци доколку борбите не престанат, според добро информирани, неименувани турски извори, кои велат дека турскиот лидер се надева да го убеди Зеленски да учествува на мировни преговори во Истанбул.

Share This Article