Турските медиуми тврдат дека телото на поранешниот играч на Челзи, Кристијан Ацу е пронајдено во урнатините на градот Антакија.Информацијата очигледно ја објави неговиот менаџер Мурат Узунмехмет.
Ацу претходно настапуваше за Порто, Челзи и Њукасл, а во Турција остана како играч на прволигашот Хатајспор.