More

    Турската компанија „Бајкар” планира во следните две години да изгради производствен погон во Украина

    spot_img

    Генералниот директор на турската компанија „Бајкар” што ги произведува беспилотните летала „Бајрактар” денеска соопшти дека компанијата планира во следните две години да изгради производствен погон во Украина.

    – Нашиот план напредува. Во моментов имаме архитектонски проект, деталната фаза од проектирањето е завршена и наскоро ќе почнеме со изградба. Сакаме да го завршиме во рок од две години – изјави Халук Бајрактар ​​на маргините на Саемот за одбрана САХА што се одржува во Истанбул.

    Планот „Бајкар” да изгради фабрика во Украина е дел од договорот потпишан меѓу Анкара и Киев непосредно пред рускиот напад врз Украина на 24 февруари.

    Беспилотните летала „Бајрактар” испорачани за Киев беа клучни во одбраната на Украина од руските оклопни и противвоздушни системи во првите неколку недели од руската инвазија.

    „Бајкар” го произведува, меѓу другото, борбениот дрон „Бајрактар ​​ТБ2″ што Украина во моментов го користи во борбите против руските сили. Претходно тие летала ги користеше Азербејџан против Ерменија, а беа користени и во воените активности во Сирија и Либија. Според компанијата, нивни борбени дронови се извезени во 24 земји низ светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img