Турције нема да се приклучи на западните санкции против Русија, кои беа воведени поради украинската криза, изјави Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател.
-Не воведуваме санкции и нема да им се придружиме. Мора да ги гледаме нашите интереси. Ако сите уриваат мостови, тогаш кој ќе разговара со Русија – изјави синоќа Калин во интервју за телевизијата Хабертурк.
Тој нагласи дека економските односи на Турције со Русија се такви што санкциите ќе и нанесат поголема штета на турската економија отколку на руската.
-Имаме јасен став за прашањето за санкциите. Западот не го прифати тоа – рече Калин.