На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како туристи на Хаваи го втурнале својот автомобил во морето откако следеле инструкции на ГПС уредот по кој пат да одат.
Во автомобилот имало две лица и веднаш им била укажана помош, а возачот и сопатникот безбедно го напуштиле возилото. Двајца мажи веднаш им пришле на помош на двете жени кои биле во возилото. Сепак, автомобилот не беше спасен.
– Возилото многу брзо беше целосно поплавено. Прилично сум сигурна дека тоа не требаше да се случи – изјави девојката која ја снимаше целата ситуација.
Таа подоцна во полицискиот извештај објаснила дека екипажот на едрилицата бил сведок како автомобилот влетал директно во пристаништето до нив.
– Сцената беше неверојатна, сите се прашувавме што се случува! Патниците беа туристи кои се обидуваа да најдат туристичка компанија во пристаништето и ги следеа упатствата на ГПС, кога погрешно свртеа во водата – рече таа.
Бројни корисници на социјалната мрежа ја коментираа ситуацијата. „Гледаат ли низ шофершајбната, што нема да видам во денешниов свет?“, „Значи, кога ќе видиш вода, не застануваш туку продолжуваш да се вози со се, не разбирам?“, „Тоа беше скап одмор“, напишаа некои од нив.