Големо јато на фламинго вчера беше забележано на крајбрежјето на Охридското езеро.
Туристите можеа да уживаат во оваа посебна глетка која е несекојдневна особено во нашата земја.
Фламингата беа во голем број, а дали „залутале“ или пак новиот дом го пронашле токму во Охрид засега останува нејасно.
Инаку ова не е првпат да се појават фламинго во Македонија, пред две години во Преспа исто така беа забележани розови фламинга во Преспанското езеро.
Фламингата се хранат со одредени видови планктон и на езерата слетуваат само по храна. Не се забележани појави на нивно гнездење во овие краеви.
Некои видови фламинга се преселници и можат да се забележат и во делови посеверно од нивниот вообичаен хабитат, но тоа се ретки појави како и ова нивно присуство на Охридското Езеро. Фламингата населуваат мочуришни предели и плитки морски крајбрежни лагуни.