Турист од Бугарија бил пронајден мртов откако се изгубил во близина на планината Језерце на албанските Алпи, објави албански Еј-Би-Си.
По добиената порака од друг бугарски турист кој изгубил контакт со починатиот, била започната копнена и воздушна потрага. Во операцијата бил употребен хеликоптер на вооружените сили.
По неколкучасовна потрага е пронајдено телото на бугарскиот турист.
Националната агенција „Цивилна заштита“ ги повикува туристите да бидат внимателни и да ги следат упатствата на специјализираните водичи за неистражени и опасни подрачја.