Мане и Кансело штотуку му се приклучија на Баерн, но веќе се на излезната врата од клубот. Сенегалецот минатото лето пристигна на „Алијанц Арена“ од Ливерпул за 32 милиони евра. Од друга страна, Кансело пристигна на позајмица, нешто ненадејно, во зимскиот преоден рок.
Мане добро ја започна сезоната, но постојаните повреди го извадија од ритамот на игрите, а се кулминираше со судирот со соиграчот Сане по поразот од Манчестер Сити со 3:0. Тухел, кој штотуку пристигна во клубот во тоа време, се најде во многу деликатна ситуација. На крајот Мане му се извини на соиграчот во соблекувалната, но физичкиот напад беше нешто што Тухел не можеше да го надмине, па Сенегалецот на крајот од сезоната ќе мора да бара нов клуб.
Со оглед на приходите на Мане, има само неколку клубови во Европа кои можат да си го дозволат, а најреален исход е враќањето во Англија.
Меѓутоа, ситуацијата со Кансело е нешто поинаква. Неговото ненадејно заминување од Сити изненади многумина, најмногу поради тоа што Кансело беше незаменлив член на стартниот тим на „граѓаните“ до почетокот на Светското првенство. Гвардиола најмногу го користеше на левиот бек, а Португалецот со десната нога ќе влезеше во средината и на тој начин имаше улога на дополнителен среден бек во моментите кога Сити го имаше поседот на топката.
По Светското првенство во Кааро, каде Кансело не играше, Сити реши да се ослободи од него. Досега во Баерн одигра 19 натпревари и на нив запиша еден гол и шест асистенции. Неговата позајмица вклучува откупна клаузула од 70 милиони евра, која Баерн сигурно нема да ја плати.
По разделбата со Гвардиола, Кансело ќе мора да бара нов клуб бидејќи за него нема место по враќањето во Манчестер Сити. Најзаинтересиран клуб за услугите на Португалецот е Барселона.