More

    Цвеќето стана луксуз за граѓаните

    spot_img

    Разубавувањето на дворовите и балконите секоја година станува поскапо. Граѓаните велат дека ако сакате да ги обновите и саксиите и жардиниерите заедно со новите садници со пролетно цвеќе, ѓубривата, хумусот и сè што е пропратно со тоа ќе треба да издвоите најмалку 200 евра. Според нив, најевтино во сета инвестиција е цвеќето. Иако сè уште нема понуда на садници од цвеќе за градина, од Центрите за производство и пласман на цвеќе велат дека цената ќе биде иста како лани иако нивните трошоци за производство се зголемиле двојно.

    – Одгледувањето цвеќе на балкон или во градина станува луксуз бидејќи цената на пропратните елементи потребни за нивно одгледување се енормно високи. Секогаш најевтино е да ја купиш сaдницата цвеќе. Но за него треба и ѓубриво, и различни средства за одржување. Ако се одлучиш и за жардиниери и саксии, тогаш не може да поминеш без 200 евра за да направиш мало цветно катче во дворот. Цената на саксиите годинава порасна и се движи од 30 денари во некои продажни објекти за пластична мала до 1.000 денари за поголема. Жардиниерите имаат високи цени. Некаде видов дека имаат цена и до 8.000 денари. Навистина сѐе скапо, па човек се доведува до помисла да не сади веќе цвеќе – вели скопјанка.

    Според она што може да се забележи во различни продажни центи, саксиите, подлогите за саксии, жардиниерите и најразлични држачи за саксии имаат различна цена. Пластичните саксии можат да се најдат за цена од 29 до 1.000 денари, додека изработените од тула и друг материјал можат да ве чинат и до 5.500 денари. Некаде има и попусти. Цената на жардиниерите од тула или од дрво оди и до 8.000 денари. Тие со лепен камен имаат цена околу 2.000 денари. Подлогите за саксии на тркалца имаат цена и до 500 денари, а држачите за саксии зависно од големината можат да се најдат за цена од 250 до 2.000 денари.

    За садење на цвеќето во саксии и во земја ќе ви треба и ѓубриво и хумус. Цената на хумусот е 100 денари за 10 литри. Цената на ѓубривата за цвеќе е различна течните ѓубрива можат да се најдат за 150 денари литар, додека кристалното ѓубриво има цена од 60 денари за пакување од 100 грама. Специјалната мешавина од ѓубрива за 10 литри има цена од 180 до 200 денари. Универзалното ѓубре во вид на стапчиња за цвеќе е 110 денари пакување од 30 парчиња.

    Центрите за производство на цвеќе велат дека годинава имаат двојно повисоки трошоци од лани, но цената на нивниот производ и останува иста. Од секторот велат дека со години работат со загуби или на работ, а како главна причина е тоа што граѓаните сѐ помалку купуваат цвеќе.

    На една недела пред почетокот на сезоната на садење цвеќе во градините, центрите за производство на цвеќе велат дека садници ќе има, а цените ќе бидат исти иако трошоците двојно им се зголемени.

    – Имаме зголемени трошоци за репроматеријали кои ги користиме во производството. Голема улога во тие трошоци имаше и високата цена на струјата и на горивата, но ние не можеме да го продадеме нашиот производ за повисока цена бидејќи опаѓа побарувачката. Така ќе биде и оваа пролет и целата година, а не веруваме дека состојбата ќе се промени на подобро во следните години. Така е со децении, цената на нашиот производ останува непроменета, а производството поскапува – велат од секторот.

    Една од причините за слабата продажба на цвеќе, покрај намалениот стандард на граѓаните и намалениот интерес за чување цвеќе во градина или дома.

    – Има слаб интерес за цвеќе последниве години. Младите не купуваат. На цвеќето му треба нега, а тие не сакаат уште една обврска плус. Нудиме 4 или 5 садници за 100 денари, но и така не оди. Според тоа, за нас и покрај високите трошоци кои ги имаме полесно е да го произведеме цвеќето отколку да го продадеме. Конкуренцијата е голема како од домашното произведено цвеќе така и од увозот  – вели сопственик на еден од центрите за цвеќе во Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img