Цвеќе пред Споменикот на бранителите положија делегации, бранители и поединци

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Делегација на Владата на Владата на Република Северна Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и советникот за одбрана на претседателот на Владата, Драган Василевски, денеска, пред „Споменикот на бранителите” во паркот „Жена борец” во Скопје, оддадоа почит и положија цвеќе во чест на бранителите, кои учествуваа во вооружените борби на тетовското Кале, во воениот конфликт од 2001 година.

На одбележувањето на 22 годишнината од настаните кај тетовско Кале, пред „Споменикот на бранителите” во паркот „Жена борец” во Скопје присуствуваа, оддадоа почит и положија цвеќе повеќе високи делегации, меѓу кои делегација од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, припадници на Армијата и полицијата, претставници на бранителите, нивните пријатели и членови на семејствата.

Настанот е во организација на партијата „Достоинство”.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ најави дека изготвува законски измени за обесштетување на семејствата на загинатите и ранетите бранители и дека очекува консензус по ова прашање. 

Share This Article