Премиерлигашите Манчестер јунајтед и Евертон се сериозно заинтересирани и сакаат да го ангажираат македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, тврди еден од најдобрите италијански новинари Џанлука Ди Марцио.
Според информациите од Островот, Манчестер јунајтед и Евертон посакуваат трансфер на Елмас пред крајот на летниот преоден рок. Сепак, продажбата на еден од најдобрите македонски фудбалери е можна само доколку пристигне примамлива понуда за Наполи.