Рускиот пратеник и член на ултрадесничарското Движење за национално ослободување (НОД), Евгениј Федоров јавно ја призна загубата на руската Црноморска флота и повика на прифаќање на овој пораз за да се планира што понатаму.
– Денеска руската Црноморска флота престана да постои како борбена единица. Русија претрпе разорен пораз на море – изјави Федоров.
Тој додаде дека руската Црноморска флота сè уште физички постои, но таа е целосно уништена.
– Руската флота, како оперативен механизам во Црното Море, не постои! Таа физички е присутна, но е неефикасна во однос на борбеното присуство. Тоа е факт. Запомнете како започна сè. Се сеќавате ли на Змискиот остров? Успеавме да го контролираме секој украински брод…НАТО не можеше да ја снабдува Украина со оружје. Не можеме повеќе. Видете, тоа е пораз како оној во Керсон – рече Федоров.
Тој тврди дека го предвидел поразот на Црноморската флота дури и додека Змискиот остров бил под руска контрола и додека се подготвувало амфибиското слетување во Одеса.
– Путин и Медведев се во право: НАТО не може да се победи на вообичаен начин – рече Федоров.