Црногорските пратеници се степаа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Црногорски пратеници се степаа во зградот на Парламентот во Цетиње. Уште пред почетокот на седницата приврзаниците на Демократската партија на социјалистите нападнаа пратеници на коалицијата За иднината на Црна Гора. Во нив пукале со топовски истрели и петарди со што можеле да нанесат телесни повреди.

На дневен ред на собраниската седница меѓу другото е Предлог-законот за потврдување на договорот меѓу Владата на Црна Гора и Советот на министри на Босна и Херцеговина за изградба на меѓудржавен мост на реката Тара, како и Предлог-закон за потврдување на договорот меѓу Владата на Црна Гора и Советот на министри на Албанија за изградба на меѓудржавен мост на реката Бојана/Буна.

Седницата почна околу 11 часот, но набрзо беше прекината по вербален конфликт меѓу претставници на власта и опозицијата. Собранискиот спикер паузираше пет минути.

Пратеникот Андрија Мандиќ во текот на дискусијата рече дека не е сигурен дека тие што протестираат денеска се од Цетиње, нагласувајќи дека се чувствува удобно во Цетиње.

Пратеникот Хутер рече дека власта во Црна Гора не ја заслужуваат оние кои доаѓаат во Цетиње со комбиња, амбулантни возила и со полициски кордони. Тој рече и дека за него најдобро зборува начинот на кој Мандиќ дојде во Пријестоница денес.

Додека Хутер зборувал, пратеникот Славен Радуновиќ фрлил нешто кон него, а тој постојано повторувал „Срам да ти е“. Во дискусијата се вклучи и Милан Кнежевиќ, кој потоа стана, по што седницата беше прекината.

И по дадената пауза, жестоката дискусија продолжи, а Хутер и Кнежевиќ неколкупати се обидуваа физички да се нападнат, но беа спречени од останатите пратеници.

Пратениците на ДПС Данијел Живковиќ и Андрија Николиќ побараа да се повика обезбедување, се приближија до масата на Мандиќ, кој по кратка дискусија си замина.

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article