Поранешниот министер за економски развој и туризам Горан Ѓуровиќ соопшти дека денеска му поднел оставка на премиерот Дритан Абазовиќ.
Ѓуровиќ, потпретседател на Граѓанското движење УРА, рече дека тоа го направил од лични причини, кои „немаат никаква врска со владината политика и политичките настани“.
„Благодарен сум на мојот пријател Дритан за довербата, а на колегите за коректната соработка. Голема благодарност до економијата на Црна Гора. На оваа влада и на другите што ќе дојдат и посакувам успех во работата, за доброто на сите наши граѓани. Дека Црна Гора ни е вечна“, напиша Ѓуровиќ на мрежата Х, а пренесува „Вијести“.