Шефот на црногорската дипломатија Ранко Кривокапиќ денеска изјави дека со забраната за прелетување на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Црна Гора ги почитувала обврските што ги презела и оти таквата одлука била неизбежна.
Кривокапиќ истакна дека е изненаден од бурните реакции на ваквата одлука, додавајќи дека Лавров можел да стигне до Белград со воз, бидејќи возовите не се забранети на релација Белград-Москва.
Одговарајќи на новинарско прашање кога и кој ја донел одлуката за забрана на прелет, Кривокапиќ рече дека одлуката формално ја донеле црногорската Влада и дел од Министерството за надворешни работи и дека за одлуката бил информиран и премиерот Дритан Абазовиќ.
Коментирајќи ја поддршката на Лавров за иницијативата Отворен Балкан, Кривокапиќ рече дека регионот изобилува со бројни иницијативи и дека црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ ќе учествува на самитот во Охрид како набљудувач, јавува Радио телевизија на Црна Гора.
– Мислам дека има поголеми шанси да преживеат тековните процеси, а некои на почетокот да бидат осудени на неуспех, сѐ ќе земеме во предвид, засега сме само набљудувачи, непроменета ситуација во однос на претходната Владата – рече тој.
Кривокапиќ додаде дека црногорското МНР подготвува анализа поради многу нејаснотии во иницијативата.