Црногорската полиција во средата вечерта заплени 18 килограми кокаин на граничниот премин Дебели Брег кон Албанија.
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, полицијата, според оперативните податоци, извршила проверка на возилото во кое е пронајдена наведената количина дрога.
БМВ со француски регистарски ознаки управувано од А.Х. (34) државјанин на Албанија, кој се обидел да внесе дрога во Црна Гора. Дрогата, која беше пронајдена во специјално направен бункер, е одземена и ќе биде предмет на вештачење во Центарот за судска медицина при Полициската управа.
По наредба на државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица, А.Х. е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство, држење и пуштање во промет наркотични дроги, се вели во соопштението.