More

    Црногорец си го ризикувал животот за да спаси деца од пожар

    spot_img

    Сенад Шутковиќ од Рожаје учествувал во спасувањето на деца од пожар во станбена зграда во Есен, Германија.

    Тој случајно се нашол на тоа место, но ни за момент не помислил дали ќе помогне, пишува РТЦГ.

    Како што раскажал Шутковиќ, бил во посета како турист во Есен, Германија, се движел во близина на станбена зграда кога се случил инцидент каде, како што подоцна се дознало, Сириец наводно подметнал пожар. Пред таа зграда, Сириецот наводно запалил куќа, а потоа со своето комбе влетал во неколку продавници и се заканувал со мачета.

    Според германските медиуми, во инцидентот е повредено 31 лице, меѓу кои и две деца кои се во критична состојба.

    – Забележав оган и многу чад, а потоа најдов скала со која се качував до прозорецот што го скршив и влегов во станот. Беше непријатна ситуација, слушнав деца како врескаат, плачат. Спасив неколку деца , потоа отидов на последниот кат и спасив уште неколку деца со друг Сириец – рече Шутковиќ.

    Тој истакна дека прв дошол до тие деца и си го ризикувал животот.

    Според Противпожарната служба и полицијата, околу 17 часот и 10 минути Сириец запалил станбена зграда, а потоа запалил и куќа на друга улица, пишува весникот Билд. После тоа, со комбето влетал во излогот и фасадата на продавница за зеленчук, а потоа се упатил кон друга продавница, кога излегол и извадил мачета.

    Според Билд, полицијата на само неколку метри од продавницата за зеленчук успеала да го уапси сторителот кој имал изгореници на рацете.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img