Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.153 тестови, а регистрирани се 1.554 нови случаи на ковид-19: Скопје – 825, Тетово – 82, Куманово – 70, Кавадарци – 62, Битола – 59, Велес – 51, Прилеп – 49, Гостивар – 44, Струмица – 33, Охрид и Гевгелија – по 32, Неготино – 30, Кочани – 21, Штип и Кичево – по 20, Струга – 16, Свети Николе – 15, Ресен – 12, Берово и Валандово – по 10, Радовиш – 9, Крива Паланка и Делчево – по 8, Виница – 7, Кратово – 6, Богданци и Демир капија – по 5, Дебар – 4, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
„Од вкупниот број на позитивни (1.554), регистрирани се 216 реинфекции. Регистрирани сe 1.843 оздравени пациенти од: Скопје – 1.227, Битола – 100, Куманово – 63, Кавадарци – 48, Струмица – 40, Прилеп – 34, Велес – 33, Неготино – 29, Штип – 28, Гевгелија и Кичево – по 26, Охрид – 24, Тетово – 21, Кочани, Струга и Ресен – по 16, Радовиш – 14, Валандово – 12, Крива Паланка – 11, Свети Николе, Делчево и Виница – по 8, Гостивар – 7, Богданци и Пробиштип – по 6, Крушево, Македонски Брод и Дојран – по 3, Кратово, Демир Капија и Дебар – по 2, Демир Хисар – 1. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 12 починати лица од Скопје (62г 71, 73, 75, 75, 75, 81, 81, 86, 88, 88 и 92), и по две починати лица од Битола (54 и 80), и Струга (76 и 84), по едно лице од Струмица (66), Штип (67), Прилеп (73), Охрид (81), Свети Николе (84) и Демир Капија (86). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 12 починати лица, Гевгелија (2), Гостивар (1), Богданци (1), Радовиш (1), Скопје (1), Македонска Каменица (1), Струга (1), Охрид (1), Свети Николе (1), Прилеп (1) и Кочани (1). Починатите се на возраст од 59г до 80г. Од пријавените лица 7 лица се починати во болнички услови и 5 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 – 06.02.2022г“, наведено е во соопштението.
Од вкупниот број на починати лица (n=34), 18 лица се целосно вакцинирани, а кај 33 лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.830.764 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 282.147, бројот на оздравени пациенти е 261.741, на починати е 8.658, а бројот на активни случаи изнесува 11.748.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)