More

    Црна Гора го продава островот Свети Марко за 80 милиони евра

    spot_img

    Компанијата „Островот Свети Марко“ го понудила на продажба истоимениот остров за околу 80 милиони евра, иако лани платила 700 илјади данок на недвижности за 2020 година, објави претседателот на општина Тиват, Жељко Комновиќ.

    „Се продава целиот остров, а колку што знам почетната цена е околу 80 милиони евра. Општината нема големи ингеренции врз тој локалитет, но факт е дека е секако еден од најголемите ресурси во моментов и многу важен за дополнителен развој на туристичката индустрија. Порано беше исклучително популарно место за одмор, па се надеваме дека ќе го врати својот поранешен сјај“, изјави Комненовиќ за Радио Тиват.

    Компанијата потоа достави до Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам барање за издавање на урбанистичко-технички услови, а беше предвидена и изградба на хотелски комплекс со придружни објекти.

    Вкупната површина на островот е речиси 340 илјади квадратни метри. До 200 луѓе од Тиват и соседните градови работеа на островот во текот на сезоната.

    Тиватската компанија „Островот Свети Марко“ е формирана во 2007 година, кога островот, кој беше најатрактивниот имот на туристичката компанија „Путник“ од Белград, премина во рацете на групацијата „Метропол“ која беше поддржана од руската тајкунот Михаил Слипенчук. „Метропол“ планираше на островот да изгради туристички комплекс вреден 400 милиони евра.

    Според претходните извештаи на медиумите, Слипенчук по неколку години поделил делови од имотот на „Метропол“ на акционерите, а островот Свети Марко официјално дошол во сопственост на офшор компанијата „Stala Property Holdings Ltd“ регистрирана во Хонг Конг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img