Максимално 100 km/h на автопатите и максимум 80 km/h на главните патишта – сите вработени во Евангелистичката црква во Германија (ЕКД) сега треба да се придржуваат до овие ограничувања за брзина кога се на службени патувања, пишува Spiegel Online.Протестантската евангелистичка црква во Германија, исто така, ги поддржува политичките напори за воведување (сите) општи ограничувања на брзината на германските автопати што е можно поскоро. Границата треба да биде 120 km/h. Како што знаете, денес на некои делници може да се вози без ограничувања, а на други има ограничувања од 130 km/h.
Евангелистичката црква со својата одлука сака да ја поддржи борбата против климатските промени. Активист за климата беше поканет и на конференција во источногермански Магдебург, каде што синодот на црквата се занимаваше со темата за климатските промени. Од гледна точка на претседателката на синодот, Ана-Никола Хајнрих (26), протестантските заедници треба да се поврзат со климатското движење и да ги зајакнат како партнери. Но, не мислат сите исто, претседателката на Советот на ЕКД Анет Куршус (59) ги предупреди членовите дека црквата премногу мафта со показалецот и глуми моралисти, пишува магазинот ХАК.