More

    Црквата е против законот за родова еднаквост и затоа повикува на протест

    spot_img

    Протест против предлог-законот за родова еднаквост и измените на Законот за матична евиденција, ќе одржи Македонска православна црква (МПЦ-ОА) под мотото „За нашите деца, за нашата иднина“.

    МПЦ-ОА е против законот кој наметнува менување на биолошката и објективна реалност и оттаму велат дека постојат само два пола кои не може да се променат.

    „Да не дозволиме нашите деца да бидат индокринирани дека можат да си го променат својот пол со помош на сомнителни невладини организации и дека наместо мајка и татко имаат родител 1 и родител 2“ , соопштија од МПЦ-ОА.

    Протестот е најавен за 29 јуни, пред Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје со почеток во 18 часот.

    Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со особена грижа ги разгледа предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост и изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорираа Соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат над 95% од населението, велат од црквата.

    „Негативните последиците од ваквите закони веќе ги согледуваат најстарите демократски општества во светот каде веќе се предмет на сериозна критика или отфрлање. Будно следејќи ги сите случувања и активни притисоци за носењето на овие Закони, длабоко сме загрижени и доведени до ситуација да мора да го заштитиме и одбраниме  семејството, а пред сѐ нашите деца“, соопшти МПЦ-ОА.

    Лидерите на петте регистрирани верски заедници во земјава: православната црква, исламската заедница, католичката црква, еврејската заедница и евангелско-методистичката црква, во заедничко соопштение неодамна го изразија ставот против предложените измени на законите за личните документи и за родовата еднаквост.

    Според нив, неприфатливо е легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет.

    Преку нивното донесување, наместо да се заштитат, се отвора можност за дискриминација токму на најранливите ‒ жените и децата! – порачаа тие.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img