Централниот регистар информира дека некој се претставува со истото име и ги манипулира фирмите со понуда за издавање сертификати и нуди најразлични пакети на услуги за кои наплаќа и бара граѓаните и фирмите да бидат внимателни со вакви понуди.
„Ја информираме јавноста, дека, откако извесен субјект во име на Централен регистар нудел на правни субјекти извесни услуги, вклучувајќи пакети, сертификати, награди и сл. а притоа информирајќи ги субјектите за нивната деловна состојба, а за услугите барајќи одреден надомест, зад истиот понудувач на наведените услуги НЕ СТОИ Централниот регистар како институција и децидно се оградуваме од било каква соработка и поврзаност со понудувачи од овој вид“, соопшти Централниот регистар.
Оттаму советуваат граѓаните да не подлегнуваат на информации од овој вид и доколку добијат вакви понуди од надворешни субјекти / понудувачи да го информираат со цел да се заштитат себеси а и останатата јавност од ваков вид на злоупотреба.
За дополнителни информации, контактирајте на marketing@crm.org.mk