More

    Центарот за управување со кризи има неколку препораки

    spot_img

    На секои неколку денови има пријава за видени змии и во населени места, предупредуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Нема специјализирана служба за нивно заловување и безбедно отранување, па порано кога дежурните немаа никакви такви информации за некој што отстранува змии да им дадат и да посочат на граѓаните каде може да се обратат негодуваа и бараа – барем еден контакт да им се даде, велат од ЦУК.

    „Па сега, иако ретко, во некои случаи кога дежурните пронајдоа и имаат такви информации (за пензионирани од Зоолошка градина, на пример) и кога ќе им се даде контакт на лица кои можат да отстрануваат змии, но по нивен претходен договор за услугата, неколку граѓани се лутат што не била бесплатна таа услуга што ја даваат приватните лица коишто се способни да отстрануваат змии. Но, поголемиот дел граѓани, покажуваат разбирање за тоа, споредувајќи го тоа како при секоја договорна услуга кога повикуваат мајстор за поправка на нешто дома“, соопшти ЦУК.

    Пожарникарите не можат секогаш да се користат за специфична услуга каква што е справување со змија, а потребна е повеќе помош и логистика од локалните самоуправи кои е пожелно да соработуваат со ветеринари и стручњаци, велат од ЦУК.

    „Исто така, тие граѓани истовремено покажуваат разбирање дека и не може во сезона на пожари пожарникарите да се користат секогаш дополнително плус и за такви специфични и ретки случаи, како на пример што се користат и за симнување на мачки од високи места и дрвја. Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво специјализирани институции од ветеринарната област, во рамки на нивните можности е пожелно да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област да им помогнат на граѓаните и за одбивање од одредени површини и реони со различни еколошки средства на змиите, а и со безбедно заловување во одредени случаи кога се во објекти во населени места“, информира ЦУК.

    ЦУК има неколку совети во случај да видите змија.

    „Препорачливо е внимателно движење во природа, а при средбите со диви животни да бидете смирени, и да не се приближувате до животните многу блиску од љубопитност, бидејќи природата нема заштитни огради како во Зоолошка градина, тие се диви животни и ако се почувствуваат загрозени заради нивна самозаштита може да нападнат, конкретно заради одбрана на својот личен безбедносен простор, а потоа да избегаат. Носете стапчиња за движење во природа и низ густата вегетација пред вас да проверувате и да ги избркате змиите, секако ако ги има пред вас, а ако има случајно има каснување од змија да се повика 112“, велат од ЦУК и додаваат:

    „Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи“.

    Во последното деноноќие кон ЦУК имало 2.112 повици, а биле изгаснати 12 пожари на отворено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img