More

    Центарот за граѓански комуникации откри како се трошеле јавните пари во ковидкризата

    spot_img

    Во рамки на јавните набавки за справување со ковидкризата институциите споревеле и набавка на моторно патничко возило со минимум шест звучници, кожен волан и во металик боја. Покрај ова под набавка неопходна за спарвување со кризата лани институциите набавувале и компјутери, печатени обрасци за амбулантен дневник, семеен патронажен дневник, извештај за пари, книга за редовност, рецепти, советувалиште за доенчиња, забоздравствен картон. Ова е наведено во последниот извештај на Центарот за граѓански комуникации кој се однесува на јавните набавки за заштита од ковид-19 склуени во втората половина на 2021 година.

    – Она што е интересно е дека на сите вакви тендери од мониторираниот примерок имало само по една понуда, дури и за набавка на производи за коишто вообичаено има поголема конкуренција, како за компјутери –велат од Цетарот за граѓански комуникации.

    Покрај ова во изештајот се констатираат низа постапки кои укажуваат на можност за корупција и судир на интереси.

    Институциите при јавните набавки определувале многу повисоки од цените добиени на тендерите, што, пак велат од Центаро, може да упатува на ризикот од намерно оставање простор за склучување договори по повисока вредност за да има доволно пари и за корупција.

    Така една институција за набавка на брзи тестови за детекција на антиген на SARS-COV-2, во случајов 1.000 теста, определила проценета вредност од 590.000 денари со ДДВ. Ова значи дека институцијата планирала дека еден тест ќе ја чини 590 денари, што е речиси двојно повисока цена од малопродажната цена на еден ваков тест во која било аптека, во времето на набавка. На крајот, на истиот тој тендер, поради повисоката конкуренција, постигната е крајна цена од 119 денари за еден тест.

    -Еден од најеклатантните примери е набавката на заштитни маски, и тоа 5000 парчиња Н95 и 100.000 медицински, за што институцијата предвидела проценета вредност од 2.360.000 денари со ДДВ, за на крајот да биде постигната цена од само 127.558 денари – се вели во Извештајот.
    Анализата на тендерите покажала и дека кога има еден понудувач или останува еден понудувач по елиминирање на другите понуди во фазата на евалуација, речиси без исклучок понудената цена се совпаѓа или е многу блиску до проценетата вредност на набавката иако таа не е јавно објавена, што упатува на претходно вонзаконско договарање меѓу институциите што набавуваат и фирмите понудувачи.

    -Во една постапка со преговарање без објавување оглас за набавка на лабораториска опрема со проценета вредност од 2.200.000 денари (без ДДВ) се добиени три понуди и тоа една на 2.200.000 денари, втората на 2.403.250 денари и третата на 2.544.350 денари. Во текот на преговорите сите три понудувачи намалиле од првично понудените цени и со 2.000.000 денари победила фирмата која и во претходната фаза ја имаше погодено проценетата вредност – се наведува во извештајот.

    Исто така продолжува трендот на големи разлики на цени за набавка на ист производ. Има примери каде што разликата е и 500 отсто.

    Анализата на набавките укажува и на тоа дека најчесто иста фирма ги добива тендерите за реагенси, постои долгорочна зависност од фирмата чијшто апарат за тестови го користи институцијата, што содржи ризик од плаќање високи цени за реагенсите и можност за корупција.

    Констатирано е и дека кога се спроведуваат тендери во „четири очи“ институциите не обезбедуваат соодветна документација.

    Одделни иституции аннгажирале и надворешни лица и фирми за спроведување на јавните набавки што , пак, носи високи ризици од судир на интереси и корупција.

    Извештајот е изработен врз основа на длабински мониторинг на 40 постапки за јавни набавки на стоки, услуги и работи за заштита од КОВИД-19, чии договори се склучени во второто полугодие од 2021 година, односно од 1 јули до 31 декември 2021 година.
    Опфатените 40 постапки претставуваат 52 % од сите тендери за кови-19 во периодот на мониторингот (вкупно 77 тендери). Вредноста на мониторираните тендери изнесува 1,25 милиони евра, што е 30,4 % од вредноста на сите тендери за ковид-19 во анализираниот период (4,1 милиони евра).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img