Инфлацијата во Германија повторно порасна во јули по падот во јуни, оставајќи неизвесност околу дополнителното намалување на каматните стапки од страна на Европската централна банка во септември.
Зголемувањето на индексот на потрошувачките цени достигна 2,3% на годишна основа, што е за 0,1 поен повеќе во однос на јуни, објави денеска Федералниот завод за статистика Дестатис.
-Падот на цените на енергијата (-1,7% за 12 месеци) ја намалува стапката на инфлација“, но „сè уште гледаме натпросечни зголемувања на цените на услугите (+3,9% за 12 месеци) – изјави Рут Бренд, претседател на Дестатис.
Тврдоглавиот раст на цените на услугите, поттикнат од зголемувањето на платите во трудоинтензивниот сектор, спречува побрзо паѓање на инфлацијата кон целта на ЕЦБ од 2,0%.