Цените на недвижностите во третиот квартал годинава, според податоците на Народна банка  се зголемиле за 21,2 отсто во одност на истиот период лани

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Цените на недвижностите во третиот квартал годинава, според податоците на Народна банка  се зголемиле за 21,2 отсто во одност на истиот период лани.

Во однос на претходниот квартал забележан е раст на цените од 4,7 отсто.

Цените на недвижностите растат од почетокот на годината. Во првиот квартал тие пораснаа за 12,4 отсто, а во вториот кварталод 16,5 отсто.

Градежниците велат дека растот на цените на становите е резултат на зголемените трошоци кои ги имаат компаниите за репроматеријали, тренспорт и струја. Трендот на пораст на цените на становите, според нив, нема да запре и во наредниот период, бидејќи не гледаат дека се смируваат цените на материјалите што ги вградуваат во објектите.

Не се намалува ниту пак градежната активност. Според податоците на Државниот завод за статистика расте и бројот на издадени одобренија за градба. во септември само за изградба на објекти во високоградба издадени се  250 одобренија, а за реконструкција се дадени 126  одобренија. При тоа  предвидена изградба на 907 станови, со вкупна корисна површина од 81. 059 м2.

Share This Article