Цените на нафтата минатата недела благо порасна

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На глобалните пазари, цените на нафтата благо пораснаа минатата недела, бидејќи трговците се надеваат на забрзување на растот на кинеската и другите големи светски економии, што ќе ја поддржи побарувачката за „црното злато“.

На лондонскиот пазар минатата недела цената на барелот порасна за околу 1%, на 83,98 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 2%, на 80,06 долари.

Благиот пораст на цените на нафтата е благодарение на новите податоци кои поттикнаа надежи дека растот на најголемите светски економии би можел да се забрза, што би го поттикнало и растот на побарувачката на нафта. Падот на залихите на нафта и деривати во најголемите светски економии, исто така, го поддржува оптимизмот за побарувачката.

Дополнително, се очекува Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници да ја задржат политиката на намалување на производството во втората половина од годината, по 1 јули, доколку побарувачката не се зголеми. Главно поради геополитичките тензии на Блискиот Исток, од почетокот на годинава цената на нафтата на лондонскиот пазар порасна за околу 8%, а на американскиот пазар за повеќе од 9%.

Share This Article