Цените на нафтата и на златото на берзите денеска пораснаа, а берзанските индекси се нееднакви.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 75,354 долари, а на нафтата од типот брент на 79,538 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 36,845 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.514,72 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,0129 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесува 1,11821, што е приближно исто како и во петокот.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска на отворањето падна на 18.597,25 поени, додека францускиот CAC 40 се искачи на 7.587,08 поени, а московскиот MOEX на 2.739,59 поени.
Американските берзански индекси се во пораст.Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 41.175,08 поени, индексот S&P 500 на 5.634,61 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.877,79 поени.