Цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа во последните пет месеци

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цените на нафтата скокнаа за повеќе од четири отсто минатата недела, достигнувајќи ги највисоките нивоа во последните пет месеци, најмногу поради зголемените тензии на Блискиот Исток.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела скокна за 4,2 отсто, на 91,17 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 4,5 отсто, на 86,91 долар.

Трговците се загрижени и за нападите на украинските беспилотни летала врз рафинериите во Русија, кои, според пресметките на Ројтерс, можеби блокирале околу 15 отсто од рускиот капацитет за преработка на нафта.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците на картелот, вклучително и Русија, ја потврдија, сепак, на минатонеделниот состанок одлуката за ограничување на производството, барајќи од поединечните земји построго да се придржуваат до доделените квоти.

„Построго следење на усогласеноста со квотите треба да резултира со дополнителни намалувања на производството во вториот квартал“, напишаа аналитичарите на ANZ во белешката до клиентите.

Проценките за послаба понуда се совпаднаа со индикации за забрзување на економскиот раст во САД, што може дополнително да ја зајакне побарувачката, пренесува SEEbiz.

Share This Article