Цените на гасот на берзите во Европа паднаа под 850 долари за 1.000 кубни метри за прв пат од 21 февруари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цените на гасот на берзите во Европа паднаа под 850 долари за 1.000 кубни метри за прв пат од 21 февруари, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

На вчерашното тргување со јануарските фјучерси според индексот ТТФ (најголемиот европски центар лоциран во Холандија) е достигната цена од 849,68 длари за 1.000 кубни метри.

Тргувањето, минатата недела заврши со цена на гасот под 900 долари.

ЕУ на 19 декември постигна договор за огранична цена за рускиот гас од 180 евра за мегават-час, која ќе стапи на сила на 15 февруари.

Мерката беше воведена за да се заштитат европските домаќинства и бизниси од скокови на цените.

Share This Article