More

    Цените на енергијата би можеле повторно да пораснат оваа зима

    spot_img

    Цените на енергијата би можеле повторно да пораснат оваа зима, предупреди денеска шефот на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), Фатих Бирол.

    – Доколку се реализира сценарио во кое кинеската економија е многу силна и купува многу енергија на пазарот, а во исто време зимата е тешка, можно е да се зголеми цената на природниот гас, што дополнително ќе ги оптоварува потрошувачите – рече Бирол во интервју за Би би си.

    Тој рече дека владите треба да штедат енергија и да поттикнуваат добивање енергија од обновливи извори.

    Бирол оцени дека многу европски влади направиле „стратешки грешки“, вклучително и преголема зависност од Русија и дека надворешната политика е „заслепена“ со краткорочни деловни одлуки.

    Тој се осврна и на климатските цели на светските влади, нагласувајќи ја важноста од намалување на потрошувачката на енергија.

    – Доколку светот е сериозен во борбата против последиците од климатските промени, ќе мораме значително да ја намалиме потрошувачката на нафта и гас во наредните години – рече шефот на ИЕА.

    Според него, доколку се намали потрошувачката, постојните наоѓалишта на нафта и гас ќе бидат доволни за да се задоволи побарувачката за овие извори на енергија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img