Eвропските и американските берзански индекси се главно во пораст, како и цената на нафтата и на златото, додека цената на пченицата паѓа.
Цената на златото порасна на 2.194 долари за унца (унца е = 28,35 грама).
Според податоците на берзата, цената на суровата нафтата „брент“ порасна на 85,8 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваат на отворањето на берзата ТТФ по цена од 27.100 евра за мегават-час.
Падна и цената на пченицата. Таа се продава за 5,4 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Утрово, индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:10 часот порасна на 18.492,46 поени, лондонски FTSE 100 на 7.957,12 поени, францускиот CAC 40 на 8.225,07 поени, а московскиот MOEX на 3.308,14 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 39.760,08 поени, S&P 500 на 5.248,49 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 16.399,52 поени.
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,082.