Цената на суровата нафта денеска падна на 74.204 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 77.690 долари. Берзанските индекси се нееднакви, а цената на златото порасна.
Цената на златото порасна на 2.663 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,9 долари за бушел.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 39.600 евра за мегават-час.
Денеска европските берзански индекси се во најголем дел во пад. Индексот DAX на Франкфуртската берза порасна на 19.422,15 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.243,75 поени, францускиот CAC 40 на 7.554,46 поени, а московскиот MOEX на 2.740 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 42.863,86 поени, индексот S&P 500 на 5.815,03 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.342,94 поени.
На азиските берзи цените на акциите пораснаа, благодарение на најавата за нови економски стимулативни мерки во Кина, додека доларот зајакна бидејќи стивнуваат шпекулациите за дополнително нагло намалување на каматните стапки во САД.
Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија порасна за 0,3% и повратија дел од загубите од минатата недела, кога падна за 1,7%.
Цените на акциите во Австралија, Јужна Кореја и Шангај утринава пораснаа меѓу 0,4 и 1,9%. Во Хонг Конг пак паднаа за околу 0,5%.