Претседателот Стево Пендаровски смета дека цената на енергенсите и на рускиот гас не зависи од блискоста со Путин, туку од пазарот.
– Еве, да бевме најдобри пријатели со Русите, јас да отидев уште првиот ден, на 24-ти февруари во Кремљ да се изгушкам со Путин, пак ќе ги имавме овие цени на енергенси. Во оваа ситуација високите цени на енергијата се индуцирани од глобалната криза, предизвикана од руската инвазија на Украина – изјави претседателот Пендаровски во „Топ тема“ на Телма.