Мицкоски: Најновите параметри во земјоделството значат повеќе храна, а помалку увоз

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најновите параметри во земјоделството значат повеќе храна, а помалку увоз, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања во однос на најновите статистички податоци за инпутот и аутпутот во земјоделството.

-Во рамките на земјоделството, се случува една појава, параметар што е многу значаен за економијата и за граѓаните но и за земјоделците, бидејќи трошоците при инпутот, односно оние трошоци кои им се потребни на земјоделците за да произведат се зголемуваат за отприлика 10 пати помалку отколку цената по која што тие ги продаваат производите – рече Мицкоски по посетата на Кочани.

Тој појасни дека инпутот, односно оние трошоци коишто ги имаат земјоделците за да произведат одреден земјоделски производ се зголемени за отприлика 3%, а цената на производот којашто тие ја продаваат е зголемена за повеќе од 30%.

-Затоа велиме инпутот е нешто над три проценти зголемен, а додека пак аутпутот – цената со која земјоделците го продаваат земјоделскиот производ е зголемен за 30% или десет пати повеќе отколку инпутот, и тоа е добро и значи повеќе пари кај земјоделците тоа значи поголем развој во земјоделството, повеќе храна, помалку увоз, така што тоа беше еден од нашите врвни приоритети во таа насока ќе продолжиме како Влада да се движиме – истакна премиерот.

Според последните статистички податоци цените во земјоделството во јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 3,1 % кај инпутот и за 31,8% кај аутпутот. Според податоците на Државниот завод за статистика, цените во земјоделството во јули 2025 година, споредени со цените во јули 2024 година, бележат зголемување и кај аутпутот и кај инпутот.

Share This Article