Цената на нафтата падна под 72 долари за барел, но златото и пченицата поскапеа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Цената на нафтата падна под 72 долари за барел, но златото и пченицата поскапеа. Европските берзански индекси и денеска се во пораст.

Цената на суровата нафта падна на 67,9 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 71,7 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 37,5 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.660 долари за унца, а на пченицата на 5,9 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,11571, што е за 0,25% повисока од вчера.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска порасна на 19.137,25 поени, британскиот FTSE 100 на 8.315,50 поени, францускиот CAC 40 на 7.666,22 поени, а московскиот MOEX на 2.813,92 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 41.914,75 поени, S&P 500 на 5.722,26 поени, додека вредноста на Nasdaq индексот се искачи на 18.082,21 поени.a

Share This Article