More

    Цената на нафтата надмина 99 долари за барел по случувањата во Украина

    spot_img

    Цените на нафтата денеска, на почетокот на трговијата на лондонскиот пазар по признавањето од страна на Русија на двата проруски региони во источна Украина, надминаа 99 долари.

    На почетокот на тргувањето во Лондон, цената на барелот скокна за 3,71 долари во однос на претходното затворање, на 99,1 долари. На американскиот пазар со барел во е-трговија се тргуваше по 4,41 долари повисока цена, 95,72 долари.

    Русија во понеделникот ги призна Доњецк и Луганск и ги испрати своите „мировни“ сили во двата проруски сепаратистички украински региони кои прогласија независност во 2014 година.

    Западот и се закани на Москва со санкции во случај на напад врз Украина, а пазарите стравуваат дека санкциите може да ја опфатат и руската нафта. Русија е најголемиот извозник на нафта во светот, по Саудиска Арабија, и најголем производител на природен гас, јави Би-Би-Си.

    – Украинско-рускиот конфликт би можел да има „значајни импликации“ за цената на нафтата – изјави за Би-Би-Си Сју Трин, директор за макростратегија во Manulife Investment Management.

    Трин предупреди дека санкциите што ќе ја принудат Русија да испорачува помалку нафта или природен гас „ќе имаат силно влијание врз светската економија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img