Светската цена на нафтата би можела да порасне за 40 отсто, или околу 140 долари за барел, доколку не се прифати предложениот плафон на цената на руската нафта, заедно со исклучоците од санкциите што ќе овозможат испораки под таа цена, изјави висок претставник на американското Министерство за финансии. .
Американскиот министер за финансии Џенет Јелен ќе разговара за спроведувањето на предложениот плафон за цената на нафтата со јапонскиот министер за финансии, Шуничи Сузуки, кога ќе се состанат во вторник, рече претставникот.
Целта беше да се постави цената на ниво што ги покрива маргиналните трошоци за производство на Русија за да ја охрабри Москва да продолжи да извезува нафта, но не доволно високо за да и дозволи да ја финансира војната против Украина, рече функционерот.
Јапонските власти изразија загриженост поради тоа што плафонот на цените е пренизок, но веднаш не ја исклучија потенцијалната цена од 40 до 60 долари за барел, рече претставникот.