Цената на нафтата и натаму го следи минатонеделниот пад од повеќе од 11 отсто

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цената на нафтата и натаму го следи минатонеделниот пад од повеќе од 11 отсто. Ова се најниските нивоа годинава, бидејќи трговците се плашат од рецесија, а со тоа и од слабеење на побарувачката за „црното злато“.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела  падна на 76 долари за барел, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 11,2 отсто на 71,02 долари.

Овие цени се задржани и утринава, со мало отстапување на позитивната страна.

Според експертите  ова намалување на цената на нафтата е резултат на неколку случувања.

На самиот почеток на минатата недела цените пораснаа бидејќи стапи на сила ембаргото на Европската унија за руската нафта испорачана со бродови. ЕУ исто така постави ограничување на цената на руската нафта, од 60 долари, за да ги намали руските приходи од продажбата на нафта.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во исто време ја потврди одлуката за намалување на производството за два милиони барели дневно.  Но, само неколку дена подоцна, со објавувањето на новите економски показатели за Европа, Кина и Америка, кај инвеститорите се појави страв од рецесија, која ја намали цената на нафтата.

Оценката е дека рецесијата во најголемите земји и потрошувачите на нафта може да ја намали побарувачката за барели.

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди новите цени на горивата кај нас.

Share This Article