Цената на нафтата денеска повторно се зголеми, а берзанските индекси се променливи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Цената на нафтата денеска повторно се зголеми, а берзанските индекси се променливи. Поскапе и пченицата, а златото поевтини.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта денеска се искачи на 74.146 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 77.910 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 39 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.612 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 6 долари за бушел.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска падна на 19.047,25 поени, московскиот MOEX на 2.779,37 поени, додека британскиот FTSE 100 се искачи на 8.224,83 поени, а францускиот CAC 40 на 7.521,90 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 42.080,37 поени, индексот S&P 500 на 5.751,13 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.182,92 поени.

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09514, што е за приближно 0,22 отсто помалку од вчера.

Share This Article