More

    Цената на какаото може да достигне 4.383 долари по тон

    spot_img

    Платформата за какао на Гана (GCCP) ја повика владата да ја зголеми на цената на какаото за околу 70% за претстојната сезоната 2024/2025  што е далеку повисоко зголемување  од она што го предложи Комиијатa за ревизија на цента на производителите на какао во земјата.

    Според Платформата, со зголемувањето  на цената за 70% ќе се обезбеди фармерите на Гана да останат мотивирани и конкурентни во подрегионот и ќе можат да го прилагоди производството на климатските промени.

    -Предлагаме владата да ја институционализира нагорната среднорочна ревизија на цените на какаото поради нестабилната валута и исто така да го минимизира прекуграничниот шверц –изјави координаторот на граѓанската платформа Обед Овусу-Адаи.

    Комисијата за ревизија на цените на производителите на какао во Гана ја определи цената за октомвриската берба на 48.000 цеди или 4.383 долари по тон, што е зголемување  45%.

    Одлуката сепак треба да ја донесе владата на Гана која при зголемувањето на цената ќе треба да се усогласи и со цента која ќе ја утврди вториот по големина производител на какао Брегот на Слоновата Коска. Оваа земја веќе ја зголеми цената на залихите од какао  од претходната берба за 58% на 2.123 долари по тон.

    Цената во Гана, исто така, ќе мора да се усогласи со цената на какаото за 2024/25 на Брегот на Слоновата Коска, која допрва треба да биде објавена, бидејќи двете земји ја прифатија  иницијативата за координирање на цените на фармите и снабдувањето со какао за да помогнат во одржувањето на секторот и да ги зголемат приходите на нивните фармери.

    Цените на какаото се зголемија оваа година бидејќи болеста и неповолните временски услови во Гана и Брегот на Слоновата Коска, кои заедно обезбедуваат повеќе од 60% од какаото во светот, го турнаа пазарот на трет последователен дефицит.

    Меѓународната организација за какао во четвртокот ја зголеми прогнозата за глобалниот дефицит на какао за сезоната 2023/24 (октомври-септември) на 462.000 тони од 439.000 тони, велејќи дека пазарот се движи кон 45-годишен низок сооднос на залихите и мелењето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img